Македонија е меѓу водечките земји на светските ранг-листи според условите за водење бизнис. Угледниот магазин „Форбс“ во својата годинашна листа со сто најдобри земји за водење бизнис ја рангира Македонија на 36. позиција, што е скок за 15 места во споредба со лани. Но, доброто котирање на листата не и' помага на земјава да привлече повеќе странски инвестиции. Официјалните податоци покажуваат дека во првите пет месеци од годинава во Македонија влегле 99,6 милиони евра директни странски инвестиции, што е за 15 милиони помалку отколку во истиот период лани, кога економската криза го имаше најголемиот замав. Кратките процедури за отворање и затворање фирми, релативно големата заштита на инвеститорите и малото даночно оптоварување, според „Форбс“, се дел од предностите на земјава што ја прават инвестициски рај. Македонија е рангирана некаде во средината според трговската слобода, технологијата и корупцијата, а најлошо стои со имотните права и иновациите.
Македонија е меѓу водечките земји на светските ранг-листи според условите за водење бизнис.
Угледниот магазин „Форбс“ во својата годинашна листа со сто најдобри земји за водење бизнис ја рангира Македонија на 36. позиција, што е скок за 15 места во споредба со лани.
Но, доброто котирање на листата не и' помага на земјава да привлече повеќе странски инвестиции. Официјалните податоци покажуваат дека во првите пет месеци од годинава во Македонија влегле 99,6 милиони евра директни странски инвестиции, што е за 15 милиони помалку отколку во истиот период лани, кога економската криза го имаше најголемиот замав.
Кратките процедури за отворање и затворање фирми, релативно големата заштита на инвеститорите и малото даночно оптоварување, според „Форбс“, се дел од предностите на земјава што ја прават инвестициски рај.
Македонија е рангирана некаде во средината според трговската слобода, технологијата и корупцијата, а најлошо стои со имотните права и иновациите.
Со исклучок на Словенија, која е на 26. позиција, Македонија најдобро котира на листата на „Форбс“ од сите други земји од регионот. Зад земјава останаа Турција на 46 место, Хрватска на 48, Црна Гора на 59, Албанија на 65, Србија на 81 и Босна и Херцеговина на последното место.
Далеку зад Македонија се гигантите како Индија и Кина, кои се рангирани на 77, односно на 90 позиција. Најголем пад на листата имаат САД, кои од втората позиција годинава паднаа на деветто место.
Аналитичарите на „Форбс“ оценуваат дека Македонија ја одржува макроекономската стабилност со ниска инфлација. Но, тоа го изостави регионот од привлекувањето странски инвестиции и отворањето нови работни места и покрај реформите во фискалниот и бизнис-секторот. Според нив, официјалната стапка на невработеност останува на високите 32 отсто. Сепак, тие сметаат дека тоа може да е преценета бројка со оглед на широкиот опфат на сивата економија, кој е проценет на повеќе од 20 отсто од бруто-домашниот прозивод.
- Во почетокот на глобалната економска криза, Македонија се соочи со намалени странски инвестиции, намалено кредитирање и голем трговски дефицит. Но, финансискиот систем остана стабилен. Макроекономската стабилност ја одржува осмислената макроекономска политика, ја зачува домашната валута на проектираното ниво во однос на еврото, за сметка на зголемување на каматните стапки. Како резултат на тоа, домашниот бруто-производ опадна во 2009 година - пишува во анализата на „Форбс“.